Pogodok.com.mk !
Со подобрување на инфраструктурата и зголемување на бројот на корисници на интернет во Македонија се појави потреба за побрз развој на квалитетни содржини во домашниот интернет. Поради тие причини се јавува се поголема потреба за полесно и побрзо пребарување на резултати.
Погодок! претставува одговор на таа потреба.
Словенечкото претпријатие Интерсеек д.о.о.поради таквата потреба на македонските корисници им го направи локалниот пребарувач за Македонија на адресата
www.pogodok.com.mk.
Тоа е еден од локалните пребарувачи од регионалната мрежа која Интерсеек д.о.о. ја развива од 2000. година. На почетокот беше прв пребарувачот
www.najdi.si
фокусиран на словенечкиот, а во 2004. година пребарувачот
www.pogodak.hr,
фокусиран на хрватскиот интернет простор. Од почеток на 2005. година работи и
www.pogodak.co.yu,
пребарувач за Србија и Црна Гора.
Погодок! е локален пребарувач посебно прилагоден за интернет просторот во Македонија и првенствено наменет за домашни корисници. Со цел да овозможи поквалитетно пребарување на домашни содржини од пребарувачите што се употребуваат досега.
Полесното и побрзото пребарување ги стимулира домашните автори да создаваат такви содржини. Со тоа им овозможува нивните проекти преку интернетот да живеат и со тоа да се оствари нивната цел. На тој начин би се стимулирал развојот на квалитетни содржини во домашниот интернет и би се зголемувало нивото на квалитетот на услугите кои ги имаме со пристап на интернет.
Погодок! има конкуренција, тоа се глобалните светски пребарувачи. Поради локалната ориентација, подобро познавање на македонскиот јазик и проблемите поврзани со сличноста на јазиците на соседните земји Погодок! дава подобри резултати во текот на македонското пребарување во однос на конкуренцијата.
Освен подобро познавање на јазикот, нашата предност е и во честото освежување на индексот на страниците на македонскиот интернет (најважните страници секој ден, а останатите еднаш неделно). Поради количината на податоци ниту еден од глобалните пребарувачи не може толку често да ја освежува својата база и затоа нашите резултати на пребарување се многу поажурни од оние на конкуренцијата.
Основните предности на локалниот пребарувач www.pogodok.com.mk во однос на глобалните пребарувачи се:
- Комплетно прилагодување на македонскиот јазик (употреба на кирилица)
- Пребарување со помош на граматички правила кои важат во македонскиот јазик (на пр. членување);
- Овозможува брзо и едноставно пребарување на комплетната содржина на домашниот интернет (на com.mk и други домени)
- Базата на податоци редовно се ажурира (дневно и неделно)
- Од пребарувањето се исклучени резултатите за зборови кои се исти или слични на другите јазици
- Бидејќи со него управува локална компанија побрзо и полесно одговара на потребите на домашните корисници
- Развој на партнерства со домашните претпријатија и институции овозможува интеграција на дополнителни локални содржини.
Погодок! нуди два начина на рекламирање. Покрај вообичаеното рекламирање преку банер (закуп на одреден број импресии) го нудиме и многу популарното рекламирање по клучни зборови (SEM- Search Engine Marketing), кое овозможува прикажување на рекламата само кога корисникот преку пребарувачот бара одреден поим (на пр. кога ќе побара поим „производи од чоколада“ ќе се појават реклами на „Витаминка Прилеп“ или „Европа Скопје“). SEM рекламите се плаќаат по избирања (PPC модел) што значи дека се плаќа за рекламата само кога корисникот ќе ја избере интернет адресата на претпријатието (спонзорирана врска).
Погодок! со технологијата, точноста и релевантноста на резултатите не заостанува зад најпознатите светски пребарувачи, но има предност во однос на другите пребарувачи. Неговата предност е во тоа што пребарува само македонски интернет страници и ги поддржува македонските знаци за букви и граматички правила. Затоа Погодок! во технологијата и локалната насоченост во пребарувањето на македонскиот интернет е подобар од многуте квалитетни глобални светски пребарувачи.
Технологија
Пребарувачката технологија на пребарувачот Pogodok.com.mk во целина е изградена во програмскиот јазик Java. Идентична технологија ја користат и другите локални пребарувачи – Pogodak.hr, Pogodak.co.yu и најголемот словенечки интернет медиум Najdi.si (www.najdi.si).
Погодок! e одговор на проблемот на прецизноста во пребарувањето.
Како на македонскиот интернет да пронајдеме права информација од огромна количина на податоци?
Погодок! Користи посебен начин на класификација на пронајдените страници врз основа на релевантност со помош на системот Trident Precision Rank. Од големата количина на информации за секое барање во илјадити дел на секунда се анализираат низа на критериуми со кои се одредува релевантноста и важноста и по тие критериуми резултатите на пребарувањето им се претставуваат на корисниците. Со други зборови - корисниците за своите барања на првите места во резултатите ги добиват најважните и најрелевантните податоци.